Зелена карта е полиса за Вашето возило која е задолжителна доколку планирате да патувате во странство.
Покрива штети кои ќе бидат причинети на трети лица.
Зелената карта се издава врз основа на полисата за автомобилска одговорност(мора да биде во истата осигурителна компанија) и за период колку што е валидноста на полиса за автомобилска одговорност.
Зелената карта важи во сите земји кои се наведени на самата полиса во графа со меѓународни кратенки,додека пак неважи за оние земји чии кратенки се прецртани на самата зелена карта. Доколку патувате во земји каде неважи зелената карта должни сте при влез во земјата да платите гранично осигурување.
Главни карактеристики
Зелениот картон е клучен документ за секој кој патува со автомобил во странство, обезбедувајќи правна и финансиска заштита.
Меѓународно осигурително покритие
Обврзителен документ при патување во странство
Гаранција за брз и сигурен надомест на штети во странство