alt

Корисниците на моторни возила со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани пред да се вклучат во сообраќајот да купат полиса од автомобилска одговорност.

Цената на чинење на полисата е утврдена со тарифа за осигурување од автомобилска одговорност која е утврдена од Комисија за автомобилска одговорност при Владата на Република Северна Македонија и истите ја носат одлуката за висина на минималната и максималната техничка премија.

На основната цена следува попуст доколку во минатите години осигуреникот не предизвикал штета или пак малус доколку осигуреникот во минатите години предизвикал штета по автомобилска одговорност.

Дополнително во полисата може да се осигураат возачот и патниците од последици на несреќен случај-незгода за време на управување на моторното возило,како и кршење на стакло.

Главни карактеристики

Главната карактеристика на автоодговорноста се дефинира како обврска на сопственикот или корисникот на возилото да ја осигурува својата граѓанско-правна одговорност за штети што ги предизвикал на трети лица при сообраќајна несреќа, согласно законските регулативи.

  • Покривање на одговорност за штети на трети лица

  • Заштита од лична одговорност во случај на несреќа

  • Брз и ефикасен процес на надомест на штети

Консултирајте се со нашите експерти