1.Осигурување од несреќен случај-незгода
Колективно осигурување на вработени од несреќен случај незгода,преку кое може да се вклучат и членови на семејство и истото е временски и територијално неограничено осигурување.
Осигурувањето опфаќа надомест за следниве несакани последици :
- Смрт од несреќен случај-незгода
- Траен инвалидитет од последица на несреќен случај-незгода
- Трошоци за лекување
2. Домаќинско осигурување
Осигурување на градежни објекти(индивидуални згради,куќи) кои се постојано или привремено населени,предметите кои се во осигурениот станбен објект,одговорност од и кон трети лица.
Осигурително покритие опфаќа од следниве ризици:
- Пожар
- Удар од гром
- Експлозија
- Луња
- Манифестации и демонстрации
- Паѓање на воздушни летала.
3. Осигурување на различни финансиски губитоци,поради прекин од работа поради пожар и некои други опасности.
4. Осигурување на фотоволтаици
Фотоволтаичната централа е изложена на непредвидени опасности и може да дојде до сериозни оштетувања. Истата може да биде осигурана од пожар,поплава,порој и високи води, осигурување од кршење,провална кражба и разбојништво,осигурување од прекин на работа поради пожар и кршење машини,одговорност кон трети лица.
5. Осигурување на објекти во градба
Објекти во изградба,градежен и инсталациски материјал,наменет за вградување,делови на објектот,опремата електромашинска намената за изградба на осигурениот објект.
Овој вид на осигурување штити за време на градба,доградување или адаптација,односно осигурување на објекти во градба и монтажа,бидејќи ги покрива сите основни опасности коишто го загрозуваат објектот за време на градењето