Полисата може да се склучи за лицето кое во моментот на потпишување односно плаќање на полисата е на територија на РСМ.
Осигурувањето важи во сите земји со исклучок на Република Северна Македонија или во зависност од договорот за осигурување,само за определени држави.
За лицата кои не живеат постојано во Република Северна Македонија и за лицата со двојно државјанство покрај македонското осигурувањето не важи и во земјата на нивно постојано живеење односно во земјата чиишто државјани се.
Осигуреникот е должен најдоцна во рок од 24 часа од настанување на осигурен случај да го пријави истиот.
Главни карактеристики
Здравствена помош и осигурување
Помош при патување
Осигурување од незгода
Осигурување на багаж
Дополнително може да се доплати премија за ски пакет,спортска незгода.