Осигурување на имот од пожар, земјотрес, опасности од провална кражба и разбојништво, машини од кршење,кршење стакло, и други опасности.
Во пожар и некои други опасности спаѓаат основните ризици кои вклучуваат пожар и удар од гром,експлозија освен експлозија на нуклеарна енергија, излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација, луња,град,удар со сопствено моторно возило и сопствена подвишна работна машина во осигурените градежни објекти ,паѓање на воздушни летала, манифестација и демонстрација.
Земјотрес да се осигураат деловните простории и предметите во нив.
Од ризикот провална кражба и разбојништво може да се осигураат :
Пари,скапоцености,хартии од вредност,збирки и сл.
Пари и други вредности додека се пренесуваат или пак превезуваат
Музеи и изложби
Суровини,полупроизводи,готови производи,помошен потрошен материјал,ситен инвентар во индустриски и занаетчиски претпријатија,угоститекство и складишта,трговски дуќани.
Подвижни предмети во згради или простории,мебел и уреди во канцеларии.
Осигурување на Машини од кршење нуди заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во погонот.Од овој ризик може да се осигураат машини,машински уреди,електрични уреди.
Осигурување на стакло од кршење :Се осигуруваат сите видови на стакла,светлечки натписи и реклами,неонски и останати светлечки цевки.
Комбинирано осигурување на компјутери и компјутерска опрема обезбедува покритие на компјутерска опрема и може да се избере меѓу два пакети на покритие:
Опција 1- покрива штети од пожар и некои други опасности,машини од кршење и провална кражба и разбојништво.
Опција 2-покрива штети од пожар и некои други опасности и провална кражба и разбојништво.