Корисниците на моторни возила со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот се обврзани пред да се вклучат во сообраќајот да купат полиса од автомобилска одговорност.
Цената на чинење на полисата е утврдена со тарифа за осигурување од автомобилска одговорност која е утврдена од Комисија за автомобилска одговорност при Владата на Република Северна Македонија и истите ја носат одлуката за висина на минималната и максималната техничка премија.
На основната цена следува попуст доколку во минатите години осигуреникот не предизвикал штета или пак малус доколку осигуреникот во минатите години предизвикал штета по автомобилска одговорност.
Дополнително во полисата може да се осигураат возачот и патниците од последици на несреќен случај-незгода за време на управување на моторното возило,како и кршење на стакло.
Главни карактеристики
Главната карактеристика на автоодговорноста се дефинира како обврска на сопственикот или корисникот на возилото да ја осигурува својата граѓанско-правна одговорност за штети што ги предизвикал на трети лица при сообраќајна несреќа, согласно законските регулативи.